Утрински Весник
Свет

Секој шести Германец откажува или одложува патување поради војната и кризата во светот

Avion.jpg

Многу Германци ги менуваат своите планови за патување за Велигден и наредните месеци поради војна, кризи и политичка неизвесност, според анкета спроведена за туристичкиот сектор.

Истражувањето на Германскиот институт за туризам покажало дека 16 отсто од 1.124 испитаници, анкетирани помеѓу 25 и 30 март, ги промениле своите планови за патувања во наредните три месеци поради глобалната политичка ситуација.


Меѓу оние кои ги промениле плановите, 46 отсто одлучиле да не патуваат, а 32 отсто веќе го откажале патувањето.

„Одењето на одмор не е аполитично прашање“, рече Џулијан Рајф, директор на институтот, додавајќи дека политичките услови на дестинацијата се главен фактор при донесување одлука за одмор.

Две третини од испитаниците сметаат дека политичката ситуација на местото на одмор е важна или многу важна, а 79 отсто изјавиле дека би избегнувале дестинации со политичка нестабилност или социјални немири.

Рајнхард Мајер, директор на Германската туристичка асоцијација, истакна дека актуелната светска политичка ситуација има јасно влијание врз патувањата, барем на краток рок. „Нашето истражување јасно покажува колкава неизвесност владее меѓу германските туристи поради глобалната криза и зголемувањето на цените“, рече тој.

Сепак, 72 отсто од Германците сепак планираат да патуваат во периодот од април до јуни, било во Германија или во странство. Баварија е најпопуларна домашна дестинација, додека Шпанија и Италија водат на листата за странски патувања.

Можете да прочитате

Ако сакаат да одат надвор од државата Германците од 17 до 45 години мора да се пријават во армијата

Војната во Иран предизвикува рекордни цени на авионски билети

Иран дозволи ограничен премин на бродови низ Ормускиот Теснец