Утрински Весник
Магазин

Што јадат астронаутите на мисијата Артемис II додека летаат околу Месечината

Img 1442.jpeg

Астронаутите на мисијата Aртемис II ќе имаат богато и внимателно планирано мени од 189 различни јадења, прилагодено на нивните вкусови, нутритивните потреби и ограничувањата на вселенскиот брод, објави НАСА.

На менито се најде сè, од зеленчук киш, брокула а’ла гратен и макарони со сирење, до манго салата и брускет од говедско месо. Тие исто така ќе имаат 58 тортиљи, кои се практични за јадење во микрогравитација и создаваат многу помалку трошки од лебот.


За појадок, астронаутите можат да избираат меѓу пржени јајца, колбас, пченично лепче, гранола со боровинки и зеленчук киш. Главните јадења вклучуваат брускет од говедско месо, брокула а’ла гратен, макарони со сирење и зачинети зелени гравчиња. Плодови и зеленчук не недостасуваат – на менито се манго салата, тропска овошна салата, тиква и карфиол.

Секој астронаут ќе има три оброци дневно, освен на деновите на лансирање и враќање. Тие ќе можат да изберат два ароматизирани пијалоци дневно, вклучително и кафе – за целата мисија од 10 дена се планирани 43 шолји кафе. Други опции се смути од манго и праска, чоколадни утрински пијалоци и какао.

Десертите се различни: од пудинг, колачи и торти до бадеми со чоколадна глазура, но најчесто се колачиња и чоколадо. Оброците можат да се дополнат со пет видови лут сос, како и со сируп од клен, лут сенф, путер од кикирики или мед.

НАСА обезбедила компактна машина за загревање храна и диспенсер за вода, за да можат астронаутите лесно да ги подготват оброците во микрогравитација.

Во изборот на менито учествувале „експерти за вселенска храна“ заедно со екипажот, при што се земени предвид калориските потреби, нутритивната вредност и личните вкусови на астронаутите. „Познатата храна има важна улога за моралот и прифаќањето на менито за време на мисијата“, истакна Викиторија Сеговиа од НАСА

Можете да прочитате

ЗАМП и тишината што ги голта авторите

Какви се луѓето родени во април: храброст, страст и љубопитност

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден