Утрински Весник
Македонија

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Bogdanka sdsm 1.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Ленче Ристовска е елиминирана затоа што на власта и требаше обвинител под нејзина контрола, нагласи портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска. На денешната прес-конференција пред Јавното Обвинителство,  Кузеска посочи дека новиот јавен обвинител, Ненад Савески, ги исполнува делегираните задачи од Христијан Мицкоски, а една од нив е елиминирањето на Ленче Ристовска.  


„Ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше принудена да си замине. Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше, а потоа и ја исфрли”, рече  Кузеска.

Таа додаде дека и потегот со кој на Ристовска и беа одземени предметите „Талир 1″ и „Талир 2″, е само уште еден доказ дека новиот обвинител работи по нарачка на Мицкоски, за спас на криминалниот имот на ВМРО.

„Савески и ги одзеде предметите „Талир 1″ и „Талир 2″ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска Бела палата на ВМРО-ОКГ. Класична операција, по нарачка на Мицкоски за спас на криминалниот имот на ВМРО-ОКГ, најбогатата партија во Европа. Ете зошто на власта и требаше обивнител под нејзина контрола, за спас на криминалците во врвот на власта”, рече Кузеска.

На прес-конференцијата Кузеска правдата во Македонија е целосно погребана. Таа потсети и на други вакви случаи на елиминирање на обвинители кои воделе предмети за лица поврзани со власта и поставување на партиски подобни обвинители, што јасно укажува дека наместо независно, имаме партизирано судство и обвинителство под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја