Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мицкоски со лага за името дојде на власт

Pretsedatel filipce sdsm mtv 2 1.jpeg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека Мицкоски дојде на власт со лаги, ветувајќи дека ќе го смени името, како и дека ќе го поништат договорот за добрососедство со Бугарија. Освен лажната кампања, сега со лаги ја држи земјата во изолација.

„ВМРО-ДПМНЕ не ја зборува вистината. Ако тие не се помрднуваат од позицијата каде што се сега, а нас не обвинуваа за предавство, дали тоа значи дека и тие се предавници? Тие викаат ‘ни чекор понатаму’. Што значи тоа? Дека ние сме ги заштитиле идентитетските одредници јазикот, националниот идентитет културата. Што беа нивните ветувања? Ќе го менуваа името, немаше да го прифатат преспанскиот договор, немаше да го користат новото име Северна Македонија. Зошто не го поништат договорот за добрососедство со Бугарија како што ветуваа? Зошто не го вратат старото име како што ветуваа? Значи доаѓаме до заклучок дека лажна им била кампањата и со лаги дојдоа на власт рече Филипче, на гостувањето во централниот Дневник на МТВ.


Претседателот на СДСМ посочи дека треба итно да се отворат преговорите за поглавјата нагласувајќи ја важноста од финансиска помош од ЕУ.

„Сите земји на Западен Балкан годишно добиваа околу 6 милијарди евра, од кои приближно 1 милијарда неповратни грантови од Европа. За истиот период, Хрватска и Бугарија добиле по 40 милијарди евра неповратна помош за развој на државата и бенефит за граѓаните. Зошто не сакаме да го направиме тој чекор. Зошто Мицкоски не каже што значи национално предавство. Што е за него национално предавство односно како уставните измени во коишто ги ставаме не само Бугарите и Хрватите во уставот е национално предавство? Зошто? Затоа што човекот одработува за Србија за Унгарија и преку тоа за Русија, појасни Филипче.

Можете да прочитате

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци

31 годишен наставник од Битола осомничен за детска порнографија

Владата го уништува средното земјоделско училиште во Битола, велат од Левица