Утрински Весник
Македонија

Повредено момче, се превртело на коловозот под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Policija.webp.webp

На 02.04.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко, патничко возило „даеву ланос” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци, каде е задржан на лекување.


По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал возилото без положен возачки испит и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.

По насоки од јавен обвинител возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати

Лабовиќ: Постојат дилеми кај нашата правна елита, аналитичарите и експертите во смисла дека нема систем

Ивановска: По Кочани, ништо не се смени за една година системот остана ист