
Портпаролот на австриското Министерство за одбрана, Михаел Бауер изјави дека Австрија од почетокот на судирите на Блискиот Исток ги одбила сите барања на САД за воени прелети над австриската територија, повикувајќи се на својата неутралност.
– Имаше барања и ние ги одбивме од самиот почеток. За секој прелет мора да се поднесе барање и секогаш кога станува збор за земја во војна, тоа се одбива, во овој случај во координација со Министерството за надворешни работи, посочи Бауер.
Австрија е неутрална земја од 1955 година и на север, југ и исток граничи со земјите-членки на НАТО.
Во средината на март, Швајцарија, исто така повикувајќи се на своето „право на неутралност“, објави дека одбила да дозволи користење на својот воздушен простор.


