Утрински Весник
Македонија

Двајца членови на ловечко друштво во Неготино, со извршени повеќе кривични дела го оштетиле за над 2,5 милиони денари

659640259 1244972024479989 4624809200569126275 n.jpg

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“.

Имено, во периодот од 2021 до 2025 година, двајцата како вработени во ловечко друштво „ЗЛД Вардар“ Неготино, издавале дневни дозволи за лов за ловишта „Корешница“ и „Бесвица“, иако немале договор за концесија за тие ловишта, односно направиле договор „закуп под закуп“ спротивно на законските одредби. Паричните средства од гости ловци, странски државјани ловци и членарината од членовите , пак ги земале во готовина без да издадат соодветен документ. Дел од парите ги внесувале на сметката на друштвото како донација, а останатиот дел го задржувале за себе. Тоа го правеле на тој начин што кога на камерите од видео надзорот забележувале лица што вршат незаконит лов им барале одреден паричен надомест да уплатат на сметката на ловечкото друштво како донација за да не ги пријават во полиција. Потоа, Д.М. во својство на претседател на друштво, и К.М., без оправданост подигнувале пари од сметката на друштвото и ги задржувале за себе. Дополнително, К.М. вршел уцена кон лица што вршеле незаконит лов и влијаел на сведоци во постапката за докажување на кривичното дело „уцена“ , наведувајќи ги на давање лажен исказ.


Со извршените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 2.573.655 денари. Со судски наредби биле извршени претреси во дом и помошни простории кај двете лица, како и во просториите на ловечкото друштво, при што биле пронајдени и одземени документи поврзани со работата на друштвото. За време на тој период, дел од членовите на управниот одбор на друштвото, согледувајќи ги ваквите дејствија си поднеле оставка.

Можете да прочитате

Уапсени 16 возачи за несоодветно возење

Снег и дожд во идните денови

ЕОС Матрих Македонија: Довербата и почитувањето на приватноста се клучни за регулативата да се преточи во пракса