
Денеска на рочиштето преотв Стојанче Јованоски, сведочеше Мартин Саздов, поранешен пријател на обвинетиот.
Саздов изнесе нови и шокантни детали за однесувањето на Јовановски и страдањата на Ивана и Катја.
Сведокот истакна дека Стојанче се дрогирал уште откако го познавал, додека работеле заедно во пожарната, а дека Ивана и Катја страдале во негово присуство. Според Саздов, по еден инцидент кога Стојанче бил фатен со дрога од страна на полицијата, тој почнал да ги обвинува Ивана и Саздов дека „го наместиле со дрога“.
„Стојанче ѝ се заканувал на Ивана дека ќе објави експлицитни видеа од неа, за да ја посрамоти – од тоа на Ивана ѝ било многу страв,“ сведочеше Саздов.
Саздов објасни дека Ивана сакала да си го врати станот, зашто Катја си ја барала својата соба, а тоа бил имот за кој таа отплаќала кредит. Стојанче, како што рече сведокот, не придонесувал за домашниот буџет и ја експлоатирал економски Ивана, па таа била принудена да извади 40 илјади денари од својата кредитна картичка и да му ги даде.
Сведокот наведува дека постојано ја убедувал Ивана да си оди кај мајка ѝ, нудејќи ѝ помош за кирија, но таа не прифаќала поради желбата да го задржи имотот кој сама го отплаќала. „Ивана беше многу психички падната поради малтретирањето од Стојанче и истовремено многу исплашена. Отишла во психолошко советувалиште и почнала да пие антидепресиви,“ додаде Саздов.

