Утрински Весник
Македонија

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс” и „Дурмо турс”

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс” и „Беса транс”. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа формирање на комисијата на 3 декември 2025. Денес, речиси четири месеци подоцна, таа така и остана – само формална одлука без никаква реализација и уште еден неуспешен обид ДПМНЕ да прикаже лажен почетен чекор на зрелост.


ДПМНЕ го условува почетокот на работата на комисијата со прифаќање на нивни „контра-заклучоци” од Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот кои не само што апсолутно не произлегуваат од самата седница за трагедијата од „Пулс”, туку и суштински ја извртуваат и се движат во насока на пофалба на власта за успешното справување. Заклучоците предложени од претседателот на Постојаната анкетна комисија, Димитар Апасиев, доставени на 24 декември 2025, се директна рефлексија на кажаното од седницата: со осуда на институционалната нефункционалност, укажување на системско непочитување на законите, сериозни сомнежи за прикривање на одговорност, барање за независна, темелна и неселективна истрага, реафирмирање на правото на живот како највисока вредност, потребата од законски измени, донесување на закон за обештетување на семејствата и сл.

Специјалната анкетна комисија очигледно ДПМНЕ немаат намера да започне со работа. Владејачкото мнозинство со спикерот Африм Гаши ја држат постапката во административен вакум дотаму што досега немаат доставено ниту допис за номинирање на членови и отпочнување на процесот. Всушност, ДПМНЕ продолжува со   нивните незрели политички испади и поставуваат дополнителни услови и отвораат вештачки пречки.
Во оваа институционална празнина, единствено пратеничката група на Левица и покрај недобиенот допис – достави предлог за свој член и заменик.

Очигледно е дека специјалната анкетна комисија нема ни да започне со работа во догледно време. Со ваквото однесување, ДПМНЕ свесно избегнува да се отвори суштинска расправа за трагедиите – расправа во која јавно и гласно ќе се лоцираат системските пропусти, ќе се утврди институционалната одговорност и ќе се наметне потребата од конкретни законски измени. Наместо тоа, се одржува статус-кво во кој темата се оттурнува, а одговорите се одложуваат.

Блокирањето на комисијата значи и блокирање на процесот на расчистување со слабостите на системот, добивање на јасна слика каде точно затаил системот и основа за негово коригирање. На тој начин, наместо институционално учење од трагедиите, се создава простор истите пропусти да се повторат.
Без соочување со фактите – секоја следна трагедија е само прашање на време, а не на случајност.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Салмонела причина за труењето во РЕК Битола, 120 вработени со стомачни тегоби

Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово