Утрински Весник
Свет

Во поплавите во Пакистан и Авганистан загинаа 45 лица

20260330171117 big 730x400 30.webp.webp

Најмалку 45 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што изминативе неколку дена зафатија повеќе делови на Пакистан.

Како што соопштија денеска пакистанските власти, најмногу жртви има во провинцијата Кибер Пактунква во северозападниот дел на Пакистан, каде загинале 20 лица. Покрај ова, шест лица ги загубиле животите во јужната провинција Балуџистан, а 19 во реонот на градот Карачи.


Во Белуџистан под притисокот на големото количество надојдена вода се урнал ѕид на една фабрика, при што загинале шест лица, меѓу кои и четири деца.

Според властите, надојдените води урнале најмалку 120 куќи.

Пакистанските метеоролози соопштија дека обилни врнежи се очекуваат и во следните неколку дена, предупредувајќи на опасност од нови поплави.

За време на сезоната на монсунските дождови во последниве години Пакистан го зафаќаат разорни поплави, при кои само во 2010 година загинаа речиси 1.800 лица.

Можете да прочитате

Техеран тврди дека воспоставил нова воена хиерархија на Блискиот Исток

Израел усвои закон за смртна казна за Палестинци осудени за убиства на Израелци

Индија го започнува пописот на населението со ангажман на три милиони службеници