Утрински Весник
Свет

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“

20260330165850 big 730x400 1.webp.webp

Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, упати остро предупредување дека секој што ќе се обиде да го заземе островот Харг во Персискиот Залив ќе се соочи со „одлучна и немилосрдна одмазда“.

Во официјално соопштение, Ареф нагласи дека вооружените сили на Исламската Република се во состојба на целосна подготвеност за одбрана на државните граници и територијалниот интегритет. Тој потенцираше дека секој агресор што ќе посегне по иранските острови ќе се соочи со „немилосрден и неповратен одговор“.


– Непријателите на Иран треба да знаат дека секој агресор што ќе посегне по нашата територија, особено во Персискиот Залив, ќе оди во пеколот – единственото природно место каде што можат да завршат војниците-агресори, порача Мохамед Реза Ареф.

Ваквата реакција доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека не ја исклучува можноста САД да се обидат да го преземат островот Харг. Овој остров е од стратешко значење за Иран бидејќи таму е сместена клучната инфраструктура за извоз на нафта. Евентуалната ескалација во овој дел од Персискиот Залив дополнително би ја загрозила пловидбата низ Ормуската Теснина, која останува главна точка на глобалните енергетски тензии. 

Можете да прочитате

Израел усвои закон за смртна казна за Палестинци осудени за убиства на Израелци

Индија го започнува пописот на населението со ангажман на три милиони службеници

Германија го укинува законот што им дозволува на 14-годишници да пијат алкохол под надзор на родители