Утрински Весник
Македонија

Демократски Сојуз: Сложените геополитички и безбедносни состојби бараат единство

Czentralen sovet 2026.jpg

Денес, Централниот совет на Демократски сојуз одржа седница на која се расправаше за геополитичките и безбедносни состојби и рефлексиите врз безбедноста, енергетската и економската стабилност на Македонија.

Македонија е мирна, стабилна и безбедна држава, но влијанието на војната во Иран се одразува на енергетската и економската состојба.


Ваквите состојби бараат соодветни и издржани мерки од страна на Владата, зголемена мобилност на сите институции и единство во државата, како битен предуслов за справување со предизвиците со кои се соочуваме.

Сега не е време за собирање политички поени во „матно”, како и активности кои можат да ја нарушат стабилноста на државата.

Централниот совет на ДС донесе одлука за подготовка на Платформа согласно актуелните и стратешки потреби на Македонија, како и кадровска обнова на централно и локално ниво, избор на ново раководство на Демократски сојуз на жените, младите, како и претседатели на општинските организации на Демократскиот сојуз, до крајот на оваа година.

Кадровската обнова ќе се одвива транспарентно и со отвореност за нови, првенствено млади кадри.

Демократски сојуз

Можете да прочитате

Работник тешко повреден во Петровец

ЕУ ги поедноставува дозволите за рудници, Иловица повеќе од две децении чека реализација

Уште една кривична пријава за екс градоначалникот на Струмица, Костадинов