Утрински Весник
Македонија

Душица Мрѓа за Кочани: Мицковски и Филипче ја саботираат Анкетната за кочани

Mickoski filipce.webp.webp

Новинарката Душица Мрѓа се огласи на социјалните мрежи околу трагедијата во Кочани. Таа потсети дека повеќе од една година по трагичниот настан во Кочани, 63 семејства останаа без своите најмили, а над 200 лица беа повредени. Мрѓа истакнува дека судските постапки и понатаму се забавуваат, дека обвинителството и политичарите не ја обезбедуваат потребната поддршка, а медиумското известување за настанот е ограничено. Родителите на загинатите продолжуваат да бараат правда и правична одговорност за сите виновници.

,,Советот на ЈО денеска не и го продолжи мандатот на обвинителката од ОЈО ГОКК која ги застапува трите обвиненија за полицајците, која имаше доблест (според правните експерти) да ја одвои постапката и која за “загрозување на безбедноста” ги гони најповиканите и според сведоците и според семејствата кои на кобниот 16 март биле во Пулс и НЕ направиле ништо. Дополително доколку не беа секојдневните апели и маршеви на родителите, притисокот на јавноста и на мал дел медиуми кои секојдневно прашувавме зошто не се осомничени полицајците и началниците од вечерта, може и воопшто немаше да бидат.” – вели таа.


Можете да прочитате

Алиу: Прекумерната тежина е сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети

Демократски Сојуз: Сложените геополитички и безбедносни состојби бараат единство

 Лажен полицаец му зел 3.500 евра на граѓанин