Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Us mk.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема” на Телма, истакна дека партнерството со Соединетите Американски Држави претставува стратешко партнерство од клучно значење за државата.

Тој најави дека на 7 април Република Северна Македонија ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон.


„Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон”, истакна министерот Муцунски.

Министерот информираше дека делегацијата која ќе патува во Соединетите Американски Држави ќе биде предводена од него, како шеф на делегацијата, а во неа ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика. 

Муцунски изрази очекување дека Стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

Можете да прочитате

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец