Утрински Весник
Свет

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ

Haker.webp.webp

Ирански хакери признаа дека упаднале во електронската пошта на директорот на американското Федерално истражно биро, Кеш Пател и објавиле негови лични фотографии и други документи на интернет.

Хакерската група „Хандала“ на својата веб-страница изјави дека името на Пател „сега е на списокот на успешно хакирани жртви“.


Претставник на Министерството за правда потврди дека електронската пошта на Пател била хакирана и дека објавениот материјал изгледа автентичен.

Според западните аналитичари „Хандала“ е една неколкуте хакерски групи што ги користат иранските служби.

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено