Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Радува податокот дека продолжува растот на платите

Mickoskifabrika.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на анализата на Државниот завод за статистика за исплатените плати за јануари, изјави:

„Апсолутно секогаш радува податокот кога продолжува трендот на раст на платата, вклучително и во месец јануари, она што го кажа и го објави Статистика. Дали е тоа доволно, не. Секогаш треба повеќе и ќе се трудиме како Влада да имаме што помали трошоци за живот, односно инфлација, а што повисоки примања кај вработените. Тоа претставува наша цел како Влада и прв приоритет. И така се однесувавме до сега, така и ќе се однесуваме во иднина.”


Можете да прочитате

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите