Утрински Весник
Македонија

Касами ја честита победата на Косово, жали за поразот на Албанија, а за мечот на Македонија ниту збор

Kasami.jpg

Синоќа се одиграа првите плејоф мечеви за пласман на СП 2026 во фудбал.

Македонија убедливо беше совладана од Данска со резултат од 4:0 а во исто време плејоф натпревари играа и нашите соседи Албанија и Косово.


Албанија беше поразена од Полска, додека Косово направи изненадување и ја совлада Словачка на гостински терен.

По завршување на натпреварите со реакција на социјалните мрежи се јави градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

„Само еден чекор. Еден натпревар го делеше Косово од Светското првенство. Ајде МОМЧИЊА! Несреќна Албанија, но горда на трудот на нашите млади мажи. Ајде да пробаме повторно“ напиша Касами на социјалните мрежи каде е објавена и фотографија од фубдалерите на Косово.

За мечот Данска – Македонија Касами не издвои ниту еден единствен збор.

Можете да прочитате

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

Во недела почнува летното сметање на времето