Утрински Весник
Свет

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

Iran 1.webp.webp

Иранската армија ќе ги води преговорите со САД, изјави портпаролот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ибрахим Резаи.

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“.


Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран. „Во оваа битка, Америка треба да се предаде и да го признае поразот. Овојпат Трамп ќе биде понижен, и тоа целосно“, истакна Резаи.

Вашингтон претходно соопшти за продуктивни разговори со Иран. Иранското Министерство за надворешни работи негира дијалог, но посочи дека Техеран примил пораки преку посредници со изразена желба на Вашингтон да се започне дијалог за завршување на конфликтот.

Според информации објавени во медиумите, САД предложиле план од 15 точки, но Иран сè уште не ги има потврдено таквите информации.

Можете да прочитате

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе

Путин го ограничува извозот на готовина и злато

Кина воведува систем за осигурување за долгорочна нега како одговор на стареењето на населението