Утрински Весник
Свет

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

Fudbal.webp.webp

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари. Станува збор за натпревари од првата лига, како и од младинските категории.

Обвиненијата следуваат по полициските рации во седиштето на Чешката фудбалска асоцијација и неколку клубови, вклучувајќи го и прволигашот Карвина.


Обвинителот Радим Драгун прецизираше дека обвинетите се товарат за учество во криминална организација, измами, корупција и перење пари. Тие се соочуваат со казна затвор до 13 години.

Осомничен е и градоначалникот на Карвина, Јан Волф, судии од професионалната листа, како и фудбалерот на Карвина, Самуел Шигут.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи