Утрински Весник
Македонија

Акција на МВР и ОЈО: Истражуваат фалсификати за учество на државни тендери

Policzija 1.jpg

Полицијата во координација со Основното јавно обвинителство Скопје спроведе акција со претреси на две локации во главниот град, по пријава за сторени кривични дела – фалсификување службена исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

Од МВР информираат дека претресите се извршени во дом на лице со иницијали Н.С. и во детска градинка каде што тоа лице е вработено. Акцијата е реализирана врз основа на судски наредби издадени од Основниот кривичен суд Скопје.


„Полициски службеници од СВР Скопје на 24.3.2026 година, постапувајќи по пријава за сторени кривични дела по чл. 361 и чл. 380 од КЗ, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, извршија претреси на две локации. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Акцијата ја потврдија и од Основното јавно обвинителство Скопје, од каде велат дека постапуваат по сомненија за истите кривични дела и дека истрагата е во тек.

Според информациите објавени од медиумот „Коха“, во рамки на истрагата се испитуваат три лица осомничени за фалсификување документи и нивна употреба за учество на тендери на државни институции, главно во Општина Чаир.

Неофицијално, станува збор за лицата со иницијали Б.Г. (39), В.Р. и Н.С.Б., кои биле приведени, а потоа пуштени на слобода за понатамошна постапка. За време на рациите биле одземени материјали и докази поврзани со истрагата.

Според прелиминарните информации, осомничените наводно фалсификувале документација која ја користеле за учество на тендери, со што се сомничат за злоупотреби во постапките за јавни набавки. Истрагата продолжува, а институциите најавуваат дополнителни мерки по целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Освежување во врвот на СДСМ, избрани нови членови на ЦО и ИО

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

СДСМ: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија