Утрински Весник
Свет

Австралија воведе шестмесечна забрана за влез на ирански државјани

Iran zname.webp.webp

Австралија воведе шестмесечна забрана за влез на ирански државјани кои патуваат со туристички визи. Забранатa започнува од утре.

„Ова е одлучна акција во интерес на нашата држава, особено во време на брзи глобални промени“, изјави министерот за внатрешни Тони Берк.


Тој истакна дека во моментов околу 7.000 Иранци поседуваат важечки туристички визи.

Новата мерка предвидува одредени исклучоци. Забраната нема да важи за лица со долгорочни визи, како и за оние кои имаат блиски членови на семејството, деца или брачни партнери кои веќе живеат во Австралија.

Ваквиот потег на Канбера доаѓа по неодамнешниот скандал со иранската женска фудбалска репрезентација, кога седум фудбалерки побараа политички азил во земјата. Иако пет од нив подоцна ги повлекоа барањата, инцидентот беше повод за итна реакција на властите.

Сенаторот Дејвид Шобриџ упати остри критики кон владата, карактеризирајќи ја одлуката како „сурова и неправедна“. Според него, целта е единствено да се спречат нови случаи на барање азил по примерот на фудбалерките.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози