Утрински Весник
Македонија

„Отворен ден со Царинската управа” во Куманово: околу илјада посетители се запознаа одблизу со оперативното работење на Мобилна Царина

Img 0393.jpeg

Со присуство на околу 1.000 посетители, денеска го одбележавме настанот „Отворен ден со Царинската управа” одржан во Куманово. Граѓаните, особено најмладите, покажаа огромен интерес за задачите кои ги извршуваат секојдневно инспекторите од Мобилна Царина во оперативното работење, како и опремата што ја користат притоа. Во рамки на програмата беа прикажани и вештините на царинските кучиња од К9 единицата, кои имаат значителни резултати во успешно откриени и спречени обиди за криумчарење дрога, девизи и оружје.

„Со вакви настани и со континуираните напори што ги вложуваме во секојдневната работа, сакаме да ги направиме граѓаните вистински партнери во царинската постапка и постепено, но сигурно, да го менуваме начинот на размислување дека Царината е партнер, не пречка, а тоа ќе го направиме врз основа на реални мерливи и видливи резултати”, истакна директорот Бобан Николовски.


Ова е прв од серијата настани „Отворен ден со Царинската управа”, кои ќе бидат организирани по повод одбележување на 14 Април – Денот на Царинската управа. Наредниот ќе се одржи на 2 април во Скопје.

Целта на настаните е да ја приближиме Царинската управа до граѓаните и да ја подигнеме свеста за улогата што ја имаме во заштитата на економијата и безбедноста на државата.

Можете да прочитате

Филипче со порака до Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш

Божиновска на TECHMECH 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе