Утрински Весник
Македонија

Малолетник удрен од автомобил во Скопје

Policija 3.webp.webp

На 24.03.2026 во 15:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Мурати” во Скопје, патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната А.М. од Скопје, удрило во 12-годишник од с.Страхојадица, општина Зелениково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


Можете да прочитате

Земјотрес попладнево во Македонија – 24info.mk

Новата Програма за рано учење и развој ќе се тестира во 11 детски градинки

Млад жител на тетовско осомничен за компјутерски криминал, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија