Утрински Весник
Економија

Цените на храната растат, платите не мрдаат, велат од СДСМ

Market.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ и претседателот Филипче ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да има ефект, дека без системски мерки – со намалување на акцизите и цените на храната – нема да има намалување на цените и дека граѓаните ќе плаќаат поскапо.


Се потврди.

Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски, каде што промовираше една половична мерка, има ново покачување на цената на дизелот, која сега изнесува 95,5 денари за литар.

Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата, или ова го прави намерно заради заштита на приватни бизниси. Или можеби и едното и другото.

Последиците веќе се видливи и во маркетите: маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, месото веќе е покачено.

Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат. Сега ниту 600 евра плата нема да им биде доволна на граѓаните да го преживеат месецот.

Наместо дефокус, Владата на Мицкоски треба да ја намали ароганцијата и да ги прифати мерките на СДСМ.

Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата на македонските граѓани, не носи пари во семејните буџети.

Намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи, преполовување на патарините.

Законите се поднесени, мерките се издржани и реални – применете ги.

Не поради СДСМ, туку поради граѓаните.

Можете да прочитате

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите