Утрински Весник
Македонија

МВР поднесе кривична пријава против Ромите кои го блокираа патот во Битола

Svr bitola.webp.webp

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи. Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон.     


Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“