Утрински Весник
Македонија

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор

Img 0642.jpeg

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески најави дека ќе бара од обвинителите поретко да предлагаат затворски притвор и почесто да се применуваат поблаги мерки за обезбедување присуство на осомничените и обвинетите.

Во интервју за 360 степени на МРТ, Савески истакна дека притворот е најригорозна, но и најскапа мерка, а дополнителен проблем се и нехуманите услови во притворските одделенија во државата.


Според него, пред да се побара притвор, најпрво треба да се исцрпат поблагите мерки како куќен притвор или гаранција.

„Секогаш треба да се почне од најблагата мерка, а притворот да биде последна опција“, нагласи Савески.

Тој смета дека гаранцијата е ефикасен начин за спречување бегство, бидејќи во случај обвинетиот да избега, имотот што го оставил како гаранција останува на државата и станува дел од буџетот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба само за да дојде до власт

СДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев

Миноски: Богатството се создава со производство и извоз, а не со трошење