Утрински Весник
Свет

Европската комисија бара од Будимпешта да ги разјасни тврдењата за врските на Сијарто со Москва

Eu.webp.webp

Европската комисија побара од Будимпешта објаснување за тврдењата дека унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, споделил со Москва доверливи информации од разговорите со претставници на членките на Европската унија (ЕУ).

Портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, им изјави на новинарите дека ваквите обвинувања се загрижувачки, бидејќи довербата меѓу членовите и институциите е особено важна за функционирањето на ЕУ.


Европската комисија чека појаснување од Владата на Унгарија, додаде Анита Хипер, според бриселскиот портал Политико.

„Вашингтон пост“ објави дека Будимпешта одржувала блиски врски со Москва во текот на целата војна во Украина и дека Сијрото користел паузи на состаноците со другите членки на ЕУ за да ги информира своите партнери во Русија.

Сијарто ги отфрли ваквите тврдења.

Можете да прочитате

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!

Ле Пен, Вилдерс и Салвини го поддржаа Орбан во Будимпешта