Утрински Весник
Свет

Куба повика да не се прават паралели со Иран и Венецуела после изјавите на Трамп

20260323074508 big 730x400 42.webp.webp

Заменик-министерот за надворешни работи на Куба, Карлос Фернандез де Косио, коментирајќи ги изјавите на Вашингтон за промена на власта на островот, повика кога станува збор за Куба да не се прават паралели со настаните во Иран и Венецуела.

„Би ги замолил луѓето да не прават паралели кога зборуваат за Куба. Ние имаме своја реалност, свои околности. И, како што реков, не мислиме дека постои потреба од каква било воена акција на Соединетите Американски Држави против Куба и се надеваме дека така и ќе биде“, изјави де Косио во интервју дадено за американска телевизија.


Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Соединетите Американски Држави наскоро ќе направат „нешто“ во врска со Куба, посочувајќи на можност од „непријателски пуч“ на островот, како и дека би било за него „голема чест“ да направи нешто на Куба.

Заменик-шефот на кубанската дипломатија уште напомена дека, иако Куба не гледа предуслови за конфликт со Соединетите Американски Држави, земјата е подготвена за секое сценарио.

„За жал, се обидуваме да се подготвиме за каков било исход, вклучително и за оние за кои сметаме дека не треба да се случат“, додаде дипломатот.

Можете да прочитате

Трамп: Ги одложувам сите воени напади врз енергетската инфраструктура на Иран

Иран се закани со напади врз електроцентрали на Блискиот Исток, на списокот и нуклеарка во Емиратите

Белгија ги враќа воените патроли на улиците поради растечки безбедносни закани