Утрински Весник
Свет

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел

20260321201802 big 730x400 59.webp.webp

Околу 20 лица се повредени во напад со балистичка ракета врз градот Димона во јужен Израел, соопшти Израелската служба за итни случаи.

Службата „Маген Дејвид Адом“ преку Телеграм објави дека нивните болничари лекуваат 10-годишно момче и 40-годишна жена кои се здобиле со умерени повреди од шрапнели. Помош им е укажана и на други повредени лица на местото на нападот.


Димона е град на југот на Израел, каде што се наоѓа главната нуклеарна централа на земјата. Објектот во Димона, изграден во 60-тите години на минатиот век со помош на Франција, се смета за клучен за политиката на Израел за нуклеарна двосмисленост.

Се верува дека произведува плутониум за непријавена програма за нуклеарно оружје, чиј арсенал се проценува на 80 до 400 боеви глави. 

Можете да прочитате

Трамп соопшти дека Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, а нарачката би можела да достигне и до 750

И Уганда прогласи жариште на ебола

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран