Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Slika 2.png

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој регион.

„Општина Неготино, заедно со Демир Капија, има над 3.850 регистрирани земјоделски стопанства во Регистарот, а располага со повеќе од 8.000 хектари обработлива земјоделска површина. Најголем дел од производството е насочено кон лозарството, по што овој регион е препознатлив”, истакна министерот.


Министерот Трипуновски додаде дека целта на посетата е директна комуникација со земјоделците, како и презентирање на актуелните политики на Министерството.

Тој истакна дека ваквите средби се клучни за креирање на идните политки во агросекторот.

„Знаете дека се наоѓаме во делот на Тиквешијата, регион што е познат по квалитетот на македонското грозје. Регион каде што се произведува македонско квалитетно вино, кое е барано надвор од нашите граници”, појасни министерот.

Министерот Трипуновски истакна дека минатата година беше успешна, имаше берба со над 120 милиони килограми македонско грозје. Оваа година очекува да биде уште поуспешна година затоа што се работи на системите за наводнување, за да има навремена количина на вода, системите се санираат за да бидат во полна функција.

„Ние како Министерство продолжуваме посветено да работиме”, додаде тој.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра