Утрински Весник
Македонија

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор 

1 1.png

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со својот тим ја продолжи теренската кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”, во општина Росоман, меѓу земјоделците.

Министерот ги посети населените места Трстеник и Росоман, каде директно разговараше со граѓаните за нивните предизвици, потреби и предлози.


„Целта на овие активности е преку комуникација да се слушнат размислувањата, идеите и сугестиите на земјоделците, како и да се разговара за актуелните политики и идните насоки за развојот на земјоделството”, истакна министерот.

Министерот посочи дека во комуникација со размена на искуства, сугестии и идеи е подобро да се градат идните чекори кои што ќе ги води Министерството.

Тој додаде дека општина Росоман е земјоделски регион со над 3.000 хектари обработлива површина и повеќе од 2.500 корисници и баратели на земјоделска поддршка, тоа е еден од показателите дека Росоман има сериозен потенцијал во делот на земјоделското производство.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни