Утрински Весник
Свет

Фрчкоски: АКТ на СДСМ го потсетува новиот јавен обвинител за бизнис мрежата на Мицкоски

Jon frchkoski sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршнниот одбор

Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката.


Голем, внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите.

Овој енергетски „октопод” на Мицкоски има длабоки и широки пипци.

Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку офшор структури на Кипар води до „Rudnap Group” на Војин Лазаревиќ, а се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.

Потоа мрежата се шири:

Во Развојната банка, каде Мицкоски ја поставува Ефимија Димовска, сопруга на неговиот бизнис партнер во хидроцентралите. За секој бизнис потребна е банка.

Во РЕК Битола, каде директор станува Иван Куковски, близок до семејството на Мицкоски и поранешен советник на Божиновска. Таму се контролира производството на струја.

И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените.

Сите алки се на место: Од производство и увоз на струја, преку финансии, до регулација.

Го потестуваме новиот Јавен обвинител. 

Поминаа 3 месеци, време е за постапување, доста беше молк

Три месеци нема никаква реакција за сериозни скандали и индиции за криминал кои беа јавно објавени од АКТ.

Очекуваме итно постапување и за бизнис шемите на Мицкоски во енергетиката.

Да не чекаме уште три месеци, па повторно да дознаваме апсурди – дека на некого татко не му е татко.

Можете да прочитате

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години

САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина