Утрински Весник
Македонија

За продолжениот викенд суво но ладно време, особено наутро

Meteoalarm.mk 24.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на продолжениот празничен викенд територијата на Македонија останува под влијание на релативно ладна но сува воздушна маса која се спушта од север  и истата ќе услови да имаме променливо облачно време со сончеви периоди а ќе дува  и умерен повремено засилен ветер од северен правец.


Во Скопје  и околината исто така за време на продолжениот празничен викенд времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Наутро на повеќе места ќе има појава на слаб мраз кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -1  и 2 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 13  и 15 степени.

Можете да прочитате

Османи: Комунициравме со ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме предвремени избори напролет

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието