Утрински Весник
Свет

Педесет лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови во Јужна Кореја

20260320092929 big 730x400 25.webp.webp

Повеќе од 50 лица се повредени во пожар што избувна во фабрика за автомобилски делови во јужнокорејскиот град Деџон.

Се наведува дека 35 лица се во тешка состојба. Националната противпожарна служба повика на национална мобилизација за справување со пожарот во Деџон, околу 160 км јужно од главниот град Сеул.


Околу 240 лица се мобилизирани за борба против пожарот, објавија јужнокорејска новинска агенција.

Премиерот на Јужна Кореја, Ким Мин-сеок нареди „приоритет да се даде на спасувањето животи“.

Можете да прочитате

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата

Фрчкоски: АКТ на СДСМ го потсетува новиот јавен обвинител за бизнис мрежата на Мицкоски

Меѓународната агенција за енергија предлага работа од дома за ублажување на растот на цените на нафтата и горивата