Утрински Весник
Македонија

Пратеничката група на СДСМ на состанок: Порачаа Владата да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Pg sdsm 1024x768.avif.avif.avif

Попладнево се одржа работен состанок на пратеничката група СДСМ. Во фокусот се предложените законски решенија на СДСМ за намалување на цените на горивата и храната во услови на криза.

Недозволиво е цените да растат а владата да одбива да ги покачи платите и две недели да не презема никакви мерки да го заштити стандардот на граѓаните.


Растот на цените на горивата повлекува и раст на цените на основните прехранбени производи а тоа ќе значи зголемување на сиромаштијата и пад на стандардот.

СДСМ подготви законски решенија за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за горивата, понатаму намалување на акцизата за 4 денари, закон за укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и закон за преполовување на цените на патарините, владата мора итно да ги прифати.

Пратеничката група на СДСМ останува посветена на интересот на граѓаните и ќе продолжи да се бори за поголеми плати за работниците и решенија за подобар животен стандард.

Последната анкета покажуваат незапаметен пад на ВМРО токму поради разочарувањето кај граѓаните од лошата економска состојба, немањето никаков резултат, криминалот и корпцијата. Сега на сите им е јасно зошто за првпат таа анкета не е презентирана пред јавноста. Последната анкета покажува поддршка за СДСМ во борбата против криминалот и корупцијата и дека граѓаните ја препознаваат заложбата за враќање на европскиот пат на Македонија.

Можете да прочитате

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР

Нови правила за пушење: Кафето со цигара само на тераса со посебен влез