Утрински Весник
Македонија

Реинивенција на социјалдемократијата во Македонија, партија а не платформа може да победи власт

Adria forum 0424 251007 vid.jpg

Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски

Во контекс на случувањата во најголемата опозициска партија би сакал да го дадам моето видување на целокупниот амбиент кој се создава (вештачки) во опозицијата или ако сакате политичките сили кои треба да бидат одговор на оваа власт. Може ќе бидам досаден со тоа што ќе повторам по којзнае кој пат денес СДСМ е втора партија по број на гласови и таа е најсериозниот конкурент политички на владата на ВМРО-ДПМНЕ.


Оваа пишување би сакал да го поврзам со тоа што јас сум го направил пред отприлика 20 години кога решив да го напуштам владиното мнозинство предводено од СДСМ, за да се приклучам на проектот кој го создаваше тогашниот гуру на СДСМ Тито Петковски, кој мотивиран од свои и само свои познати причини ја оформи тогаш политичката партија НСДП која денес е дел од коалицијата на СДСМ што укажува на фактот дека одвојувањето од матицата може да даде резултат на краток рок и да биде флеш рекација за политички промени, но долгогошно ништо стабилно ништо сериозно (ДА, НСДП, СДА, ПОДЕМ па дури и денешниот ЗНАМ, и други кои произлегоа) сето тоа е една епизодна улога каде би можеле да добиете дури и оскар (слично како Шон Пен) за најдобра споредна улога и поддршка. Јас бев дел од такво искуство, но не го препорачувам од оваа временска перспектива.

Денес, впрочем како и секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ треба да дојде на власт или пак да ја задржи комоцијата на сопственото владеење се случуваат политички бранувања кај нивните опоненти. Би сакал да бидам сигурен дека овој пат таквите бранувања СДСМ ќе успее да ги пресретне  и дури да ги анулира. СДСМ со години наназад си има проблем со нивната условно кажано “икона“ која според мене освен силна реторика и суета нема што конкртено да покаже како реализирани проекти. Таа суета за жал својот политички нагон за марионетирање не може, но мислам и дека не сака да го искорени (типично комунистичко клише). Според таа моја логика сега ќе се обиде/дат истите тие/тој да оформи етничка партија која наводно е загрижена за правата на една од етничките заедници во нашата држава, а впрочем тоа е ситнење на постојната база која ја има во овој момент СДСМ.  Денес прочитавме бомбастична најава, дека се создава “крчка“ нова многу сериозна платформа која како што се наведува порталот ќе ја “згази“ ВМРО-ДПМНЕ веројатно исто онаа газње како што беше случајот со шлеперот и жабата – симтоматично исти фрази.

Она што јас го научив низ годините како лично искуство е тоа дека епизодната улога во политиката има краток рок на траење, која понекогаш има сладок крај,но може да има многу горчлив вкус така да секој кој ќе се определи за да биде епизодиста или статиста има рок на траење, матицата (системот) има долг рок со силни корени. Но, сепак постои разлика помеѓу нас кои тргнавме на тој пат храбро без калкулации и изгоревме и оние кои тоа го прават внатрешно (скриено) и лукративно се со цел да можат да ги држат сопстевните позции и секогаш да бидат политички активни. Ние може да се рехабилитираме, но тие не,бидејќи секогаш се во некој сокриен план и фунционираат од заседа. Време на таквото политичко поведение за добро на сите нас поминуваа, а тоа значи дека новите генерации ниту го прифаќаат ниту пак ги интересира таквиот пристап.

Затоа, апсолутно сум убеден дека СДСМ е единствениот политички систем кој јасно и јавно е деклариран за Европска Унија и секој кој заговара интелектуална плафторма (политичка) му препорачувам  да се држи до веќе изградениот политички систем оти тоа е единствениот пат да се победи владејачката партија со своите коалициони партнери. Политичка партија е слободен систем каде доброволно пристапувате и доброволно си одите. ако не ви се бендисува некој вратите на системот се отворени, Ова го кажувам од причини што СДСМ отсекогаш важела за партија на инетелектуалци и партија на сериозна дебата, отаму секој превземен чин на таа партија мора да биде добро обмислен и да се работи за исклучување на поединци (кои биле носители на највисоки функции). Веројатно врз база на одредени факти и таквите чекори кои некогаш и мора да се превземат,за жал може на долг рок да има позитивен ефект.

СДСМ од оваа ситуација која е сега со сите внатершни превирања мора да искочи посилен,порганизиран и помотивиран.

 Затоа,   како поддржувач за европскит пат на Македонија верувам на во оваа политичка групација, која ќе се издигне и ќе биде повторно релевантен и респектиран политички фактор,со оглед на фактот дека сегашното лидерство е напаѓано од повеќе страни тоа значи дека се на добар пат. Но, она што сакам да го истакнам за најновата  идеја која е насловена како платформа, која терминолошки може да претставува место – издигнато и оформено покрај пруга или покрај вода за патници, за кафе итн., програма на одредна група на луѓе како  акција за политичка партија или основа да се овозможат преговори.  

Споменатава платформа за која е нагласено дека ќе “згази“ не е воз не е ниту брод,а најмалку не е  камион ниту пак место за   кафе намена.Значи таа платформа е намената за партија или во крајна линија притисок над лидерот на СДСМ за нивна повторна инкорпорираност во системот (матицата) за нивни подобри позиции за наредната политичка борба.

Платформа или било кој друг облик на делување, нити може, ниту ќе успее да “згази“ одредна власт, единствено нешто што може да победи власт на избори е огранизирана политичка партија, без оглед во каква кондиција е. Историјата на политичкото ситнење покажала само ефикасност на краток рок со поединечни бенефити за поединци, но долгорочно само веќе изградени и етаблирани политички системи можат да ги прават општествените промени. Конечно, факт е тоа дека СДСМ им има згрешено на поголем број на поединци и ги изневерила нивните очекувања и токму поради тој факт треба да има доблест за извинување кон нив, оти само тој политички систем може да го порази сегашната власт (а не платформи) и да го зацврсти европскиот пат на Македонија.  

Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Можете да прочитате

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачите

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица, следува пријава

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во ЕУ