Утрински Весник
Свет

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетската безбедност

Kina tajvan.webp.webp

Кина денеска му предложи обединување на Тајван во име на енергетската безбедност, пренесе БТА.

Владите во светот се обидуваат да обезбедат алтернативни снабдувања со енергија во услови на војната на Блискиот Исток и проблемите со снабдувањето со гориво преку клучната Ормуска Теснина.


Тајван, кој добива една третина од својот течен природен гас од Катар и не увезува енергија од Кина, изјави дека обезбедил алтернативни снабдувања за наредните месеци, вклучително и од Соединетите Американски Држави.

Портпаролот на кинеската Канцеларијата за прашања за Тајван, Чен Бинхуа, изјави дека „мирното обединување“ ќе му гарантира на Тајван поголема безбедност во однос на енергијата и ресурсите.

– Подготвени сме на нашите тајвански сонародници да им обезбедиме стабилна и сигурна енергија, како и безбедност на ресурсите за да може да живеат подобро – рече кинескиот функционер.

Можете да прочитате

Ученик уби две лица во училиште во Бразил

Трамп: Ја паузираме операцијата „Проект слобода“

Романскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Боложан