Утрински Весник
Спорт

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

20260317213522 big 730x400 95.webp.webp

Светската фудбалска федерација ФИФА ја отфрли можноста натпреварите на Иран на претстојното Светско првенство да се преместат од САД во Мексико. Од фудбалската федерација на Иран најавија дека се во преговори за промена на локацијата од безбедносни причини поради можни ескалација на воените случувања меѓу Иран, Изреал и САД. Пораката на ФИФА е дека турнирот ќе се игра според предвидениот распоред.

Светското првенство ќе се игра од 11.јуни до 19.јули, а според распоредот Иран треба два натпревара против Нов Зеланд и Белгија да ги игра во Лос Анџелес, а дуелот против Египет треба да се игра во Сиетл.


Американскиот претседател Доналд Трамп најпрво изјави дека Иран „добредојден на Мундијалот“, но потоа навести дека не е баш најдобро да учествуваат пред сè поради нивната безбедност.

Претседателот на фудбалската федерација на Иран Мехди Таџ истакна дека репрезентацијата нема на учествува ако не и биде гарантирана безбедност. Неизвесност околу нивниот настап донесе изјавата на министерот за спорт на Иран Ахмад Донџамали дека не постојат услови Иран да игра на турнирот.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген