Утрински Весник
Македонија

Утрово слаби врнежи од снег на Шапка и во Крушево

Soobrakaj Sneg 1.jpg

АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег кој не се задржува на коловозот се бележат на Попова Шапка и Крушево како и на планинските премини Стража, Ѓавато и Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Петровска: Мнозинството одби закон за електронски нараквици за заштита на жените

Савески ветува дека веќе нема да има предмети во фиока

Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Мицкоски, велат од СДСМ