Утрински Весник
Македонија

Синдикален аларм: Недозволиво една третина од работниците со полно работно време да заработуваат под прагот на сиромаштија

Ssm protest 4 1024x768.avif.avif.avif

Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), Лук Триангл, упати остра критика до македонската Влада поради непочитувањето на колективните договори и уназадувањето на социјалниот дијалог.

По средбата со претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, Триангл порача дека е недозволиво една третина од работниците со полно работно време да заработуваат под прагот на сиромаштија и побара плати кои овозможуваат достоинствен живот наместо само дебати за минималецот.


Тој предупреди дека во државата се кршат основните меѓународни конвенции за слобода на здружување и колективно договарање, нотирајќи дека законите постојат на хартија, но не се спроведуваат во пракса.

Од своја страна, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, обвини дека Владата врши директни напади врз синдикалното раководство за да ја замолчи борбата за повисоки плати. Тој децидно потврди дека ССМ нема да отстапи од барањата за итно зголемување на минималната плата, што треба да повлече раст на сите останати примања. Синдикалците потенцираа дека меѓународната заедница е веќе алармирана за притисоците врз работничките права во Македонија, што ја доведува во прашање суштинската демократија во земјата.

Можете да прочитате

Коцевски: Освен за Кочани, има докази од електронски уреди и за други кривични дела

Падна Фејсбук! – 24info.mk

Митева: Кочани е силен аларм за државата и доказ за системски пропусти што траеле години