Утрински Весник
Економија

Исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници

Zemjodelstvo 3.webp.webp

Денеска се исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници, во рамки на програмите за финансиска поддршка во земјоделството.

Од вкупниот износ, 269.947.935 денари се исплатени кон 4.545 корисници заклучно со месец јуни, по основ на Мерка 2.3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.


3.746.560 денари се исплатени кон 167 корисници по основ на Мерка 2.6 – дополнителни директни плаќања од подмерка 2.5 за одгледани или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет, согласно Програмата за 2024 година.

Во рамки на Мерка 2.16, исплатени се 7.968.320 денари за директни плаќања за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди, исто така од Програмата за 2024 година.

Поддршката кон земјоделците продолжува, заедно работиме на стабилен развој на македонското земјоделство.

Можете да прочитате

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?