Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром започна со уредување и реконструкција на ТЦ во Лисиче

Image 2026 03 17 131606224.png

Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.

Трговскиот центар претставува едно од главните јадра во овој дел од Аеродром, место каде што секојдневно гравитираат голем број граѓани и кое има значајна улога во локалното секојдневие.


Со проектот се поставуваат нови павер-елементи во централниот дел, како и на пристапните патеки, на површина од околу 6 000 квадратни метри. Дотраените површини се заменуваат со квалитетни и издржливи материјали, што значително ќе ја подобри функционалноста и естетиката на просторот.

Просторот ќе биде и хортикултурно збогатен и опремен со нова урбана опрема.

Исто така, во трговскиот центар ќе бидат поставени и маси за шах, како и детско игралиште за пријатен престој и дружење на сите генерации.

Станува збор за капитален инфраструктурен проект, реализиран со поддршка од Владата, во вкупна вредност од 22,2 милионa денари.

По подолг период, жителите на Лисиче добиваат уреден и побезбеден трговски центар – простор што секојдневно го користат голем број граѓани и претставува важен дел од локалното живеење.

Продолжуваме со инвестиции што го подобруваат квалитетот на животot и го разубавуваат Аеродром.

Можете да прочитате

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар

Меџити: Продолжуваме со подобрување на инфраструктурата во Саат Кула, се асфалтира улицата „Ремзи Хоџа”

Започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камени мост