Утрински Весник
Македонија

Македонец уапсен во Грција, со мотоцикл возел 223 километри на час

20260317085626 big 730x400 19.webp.webp

Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција. Според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун-Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.


Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Од Генералната регионална полициска дирекција на грчката област централна Македонија на социјалните мрежи објавија фотографии како од радарот што ја регистрирал брзината, така и од мотоциклот на уапсениот.

Можете да прочитате

Регистрирани две нови единки балкански рис на Шар Планина – сега се вкупно пет

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

Кривична за девет лица – „Мерцедес-Мајбах” пуштен со лажни документи, буџетот оштетен за 1,9 милиони денари