Утрински Весник
Македонија

Најтопло денеска во Скопје – 24info.mk

Vremenska soncevo 1 610x400 1.jpg

Времето во земјава денеска е сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималните температури се движат од 6 степени на Попова Шапка до 19 степени измерени во Скопје-Петровец.

Најстудено било на Попова Шапка со 6 степени, додека 9 степени се измерени во Крушево, 11 во Маврови Анови, а 12 степени во Лазарополе и Пожаране, објави 4news.mk Температурата достигна 13 степени во Берово, 14 во Охрид, Тополчани и Ѓуриште, 15 во Крива Паланка, 16 во Битола, Прилеп и Тетово, додека 17 степени се измерени во Гевгелија, Виница, Демир Капија и Кавадарци. Во Струмица, Штип, Скопје – Зајчев Рид и Велес се измерени 18 степени.


Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде што достигнува 50 сантиметри.

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на одделни места ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од -1 до 4 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 11 и 15 степени.

Во Скопје утре претпладне ќе биде облачно, а попладне ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне околу 13 степени.

Во следните неколку дена времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Во среда и четврток ќе дува умерен, наместа засилен ветер од источен и североисточен правец, а од петок се очекува северен ветер и постепено намалување на дневните температури.

Можете да прочитате

Повредениот Авокатов ја опиша годината помината од големиот пожар во Кочани

Од утре врнежливо време – 24info.mk

Две мали деца се затруле со хемикалија во кумановско, пренесени на Детска клиника