Утрински Весник
Македонија

Двајца малолетници од Струмица повредени по судар на автомобил и мотоцикл

Motor soobrakajka.jpg

На 15.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај”, „Цветан Димов” и „Атанас Јанев” во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица и патничко возило „фолксваген” со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.


Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можете да прочитате

„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го остави ЕСМ со загуба од 140 милиони евра, а сега глумат загриженост за струјата

Најтопло денеска во Скопје – 24info.mk