Утрински Весник
Македонија

Една година од пожарот во „Пулс“ поставени 63 столчиња

Whatsapp image 2026 03 16 at 08.33.43 1536x1024 1.jpeg

За одбележување на првата годишнина од пожарот во дискотеката „Пулс“ Општина Кочани организира тридневна комеморативна и духовна програма: богослужби, отворање на меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“, симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ и мурал „Ѕид на сеќавање“. Во 2:15 часот по полноќ, времето кога избувна пожарот, се одржа и собир пред објектот „Пулс“.

Истовремено, во Скопје се одржа „Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, на која говореа лекари и функционери од земјата и странство, кои помогнаа жртвите да бидат згрижени и третирани навремено.


Годишнината од трагедијата остава длабок белег во јавноста: празните столчиња сведочат за животите кои ги загубивме, а сплотената поддршка од локалните заедници и младински организации како Сапорт Кочани испраќа порака на солидарност и надеж.

Вечерва пак, во „Ноќно студио“ ќе се одржи повеќечасовна програма во живо од центарот на Кочани каде ќе зборуваат неколку гости.

Можете да прочитате

Три лица повредени во сообраќајка во Охрид

Филипче во Кочани: Нема зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили

Мицкоски од Кочани: Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат