Утрински Весник
Македонија

Зимски циклон со центар над Јонско море ни носи заладување, дожд, се некаде и снег

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер од југоисточен а во западните предели од североисточен правец.


Поради заладувањето на планините  и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег  и ќе се формира снежна покривка а повремено снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, тоа значи дека повремени врнежи од снег ќе има  и во повисоките населени места па  и во дел од градовите особено во западните  и во северните предели од Македонија.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повеќе облачност и повремени врнежи од дожд а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурите позначително ќе се намалат.

Се на се, зимата не го кажала своето збогум со оглед на тоа дека пред нас е нова голема промена на времето која ќе донесе значително заладување и пообилни врнежи од дожд и од снег.

Можете да прочитате

„Каде е мојата сопруга?“ – Дејан Јанков започна штрајк со глад по исчезнувањето на Злата

„Никогаш нема да ги заборавам“ – Гитаристот на ДНК со благодарност до персоналот од солунската болница

Вечерва 19 часот специјално отворено студио на 4TV од Кочани