Утрински Весник
Спорт

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс

20260315090914 big 730x400 33.webp.webp

Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето на турнирот Индијан Велс.

Мечот траеше 1 час и 38 минути игра и заврши со резултат 6:3 и 7:6 (7:3).


Триесетгодишниот Русин (рангиран 11-ти во светот) сервираше четири аса, не направи двојна грешка и реализираше две од две брејк топки.

Од друга страна, првиот светски рекет, 22-годишниот Алкараз, сервираше два аса, направи две двојни грешки и реализираше една од пет брејк топки.

Во финалето на турнирот, Медведев ќе се соочи со Јаник Синер, кој го победи Германецот Александар Зверев во полуфиналето.

Мечот за трофејот е закажан за вечер во 22 часот. Претходно, од 19 часот ќе почне женското финале во кое ќе играат Арина Сабаленка (Белорусија) и Елена Рибакина (Казахстан).

Наградниот фонд на Мастерсот во Индијан Велс (САД) изнесува 9,4 милиони долари. 

Можете да прочитате

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата

Прва победа за Антонели во Формула 1

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во Пулс