Утрински Весник
Свет

Британија и Јужна Кореја размислуваат да испратат воени бордови во Ормутскиот теснец

Ormuts.webp.webp

Велика Британија и Јужна Кореја го разгледуваат повикот од американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање бродови во Ормускиот теснец, што Франција и Јапонија го отфрлија. Британскиот министер за енергетика Ед Милибанд изјави во понеделник дека земјата размислува да учествува во расчистувањето на мини во Ормускиот теснец. Милибанд рече дека е од витално значење Персискиот Залив, кој е клучен за светскиот транзит на нафта, да биде повторно отворен и дека британската влада ќе „соработува со сојузниците“ за да го стори тоа, објави Скај њуз.

„Постојат голем број работи што можеме да ги направиме, вклучително и автономна опрема за чистење мини. И тоа е нешто што сигурно го разгледуваме“, рече Милибанд. Тој рече дека нема да шпекулира за тоа кои точно бродови би можела да ги распореди Велика Британија.


Канцеларијата на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг изјави во понеделник дека внимателно ќе разгледа одговор на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање бродови во Ормускиот теснец во тесна консултација со Вашингтон. Официјален претставник од кабинетот на јужнокорејскиот претседател изјави дека Сеул бил информиран преку социјалните медиуми за повикот на Трамп до Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство да ги испратат своите воени бродови во Ормутскиот теснец и да придонесат за безбедноста на водниот пат, објави Јонхап.

„Безбедноста на меѓународните морски патишта и слободата на пловидба се во интерес на сите земји и се заштитени со меѓународното право“, рече функционерот. Тој изрази надеж дека глобалната поморска логистичка мрежа брзо ќе се нормализира. Јапонија нема да испраќа воени бродови во Ормутскиот теснец само затоа што американскиот претседател Доналд Трамп го рекол тоа, објави NHK, повикувајќи се на владин извор. „Јапонија одлучува за своите мерки; тоа е нејзина сопствена одлука. Само затоа што Трамп го рекол тоа не значи дека веднаш ќе испратат воени бродови“, цитираше каналот извор од јапонското Министерство за надворешни работи. Француска група носачи на авиони, вклучувајќи го и единствениот носач на авиони во земјата, „Шарл де Гол“, останува во источниот Медитеран и покрај неодамнешниот повик на американскиот претседател Доналд Трамп до неколку земји да ги испратат своите бродови за да ја обезбедат безбедноста во Ормутскиот теснец, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

Можете да прочитате

Руската воздушна одбрана соборила 170 украински дронови изминатата ноќ

Трамп: Зеленски е последната личност од која ни треба помош

Хрват избодел двајца Авганистанци во Линц, едниот починал