Утрински Весник
Свет

Нова фунцкија на Whatsapp им дава поголема контрола на родителите

Mobile.jpg

WhatsApp воведе нова опција, профили управувани од родители, наменети за помлади тинејџери. Функцијата постепено се воведува на глобално ниво и овозможува дополнителни алатки со кои користењето на апликацијата може да се ограничи главно на пораки и повици. За активирање на оваа опција, родителот и детето треба да имаат свои уреди. За поврзување на профилите, двата телефона треба да се наоѓаат еден до друг, по што се воспоставува врската меѓу сметките. Кога профилот ќе биде ставен под родителска контрола, родителите можат да одредат кој има право да го контактира детето, како и во кои групи може да се приклучи. Исто така, тие ќе имаат можност да ги проверуваат барањата за пораки од непознати контакти и да управуваат со поставките за приватност. Постапката за активирање е едноставна. Најпрво апликацијата се инсталира на уредот на детето, по што се избира опцијата „Креирај профил управуван од родители“ во менито „Повеќе опции“.

Потоа родителот го внесува датумот на раѓање на детето и преку скенирање QR-код го поврзува профилот со својот. Во текот на процесот се поставува и шестцифрен ПИН, кој служи како заштита за родителските контроли. Само родителот што го управува профилот ќе има пристап до овие поставки и ќе може да ги менува. Од компанијата објаснуваат дека целта на новата функција е семејствата полесно да го приспособат користењето на апликацијата и да обезбедат побезбедна онлајн комуникација за помладите корисници.


Можете да прочитате

Дел од јавноста изрази загриженост за здравјето на Трамп

Азизи: Украина е легитимна цел за Иран

Метеоролозите предупредија на масовни поплави, суши и бури